(ВИДЕО) Кире Наумов: Секогаш сум го критикувал, зашто сум го сакал СДСМ

Од:

Аутсајдер и предавник. Со вакви етикети, Кире Наумов ја тера битката за нов лидер на СДСМ, но вели дека тие се должат на неговите критики кон партијата кои биле со добра намера со цел опозицијата да се зајакне и да може да извојува победа.

-Постојано оди таа критика дека сум против СДСМ, но не е точно. Секогаш сум критикувал зашто сум го сакал СДСМ. Впрочем и сите кандидати за лидер на СДСМ зборуваат дека се неопходни промени во партијата, вели Кире Наумов.

Според него СДСМ станал хиперсензитивен на критики и дека таквото однесување потсетува на власта која ги прогласува за предавници сите кои имаат поинакво мислење од неа.

Наумов често повикуваше на фер избори на 2 јуни, пред се поради неможноста да го добие списокот со делегатите. Сепак сега вели дека очекува се да помине во демократски амбиент.

Наумов како кандидат сеуште не знае дали на конгресот ќе има четири или пет кандидати, ако се има предвид иницијативата со потписи за кандидатурата на актулениот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски.

-Не знам дали ќе ја прифати, не можам од негово име да зборувам, но очекувам дека Бранко Црвенковски ќе одржи историски говор во недела, вели Наумов.

Доколку се покажат како точни тврдењата дека е аутсајдер, Кире Наумов вели дека прв ќе му честита на новиот претседател на СДСМ но дека и после тоа останува во партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

Горан Наумовски

СДСМ: Во Македонија нема место за нова верзија на Груевизмот со Тошковски во главна улога

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Тошковски кога ќе порасне сака да биде како Груевски

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Со 10 денари за откуп на пченица ВМРО-ДПМНЕ го закопа македонското земјоделство

А1он

СДСМ: Колапс во ЕСМ – ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

СДСМ: Власта да не си игра со безбедноста на македонското небо, бараме поништување на срамниот оглас во М-НАВ

Предраг Петровиќ