(ВИДЕО) Јовановски: Јас имам победнички концепт

Од:

Втори јуни е историски ден, кога делегатите ќе донесат одлука од која ќе зависи по која патека ќе се движи и СДСМ но и Република Македонија.

Важно е партијата да го сочува единството и на 2. јуни од Конгресот да излеземе горди што сме членови на СДСМ, која ќе победи на 2 јуни. Ова е ставот на кандидатот за лидер на СДСМ, Зоран Јовановски на три дена пред партискиот конгрес.

Тој вели дека верува само во многу работа и добра организација.Најавува дека го има победничкиот концепт.

-Тоа е победнички концепт кој ќе обезбеди една реорганизација, ќе ја направи партијата повидлива и попристутна во очите на сите. Тоа е концепт кој ке го донесе СДСМ победнички, да може да управува и да ги направи позадоволни луѓето на Македонија.

-Јас не сум човек кој трча по функиции, не ми е целта да станам само претседател на СДСМ, целта ми е да се направи подобар живот за 2 милиони граѓани.

На прашањето дали новиот лидер ќе биде во сенка на Бранко Црвенковски, Јовановски одговара кратко.

-Улогата на Бранко Црвенковски во СДСМ им е јасна на сите, немам намера да влегувам во тие шпекулации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?