ВИДЕО: Јована и Атанас пред финалето на „Танц со ѕвездите“

Од:

Интернационалното телевизиско шоу кое веќе половина година ја забавува македонската публика, во организација на „Дрим фактори“, се ближи кон својот крај, а публиката во недела ќе треба да одлучи кој од двата пара ќе биде победник.

Атанас Николовски кајакар и Јована Василевa професионална танчерка, се еден од двата пара во борбата за доминација на подиумот и конечна победа во првата сезона на „Танц со ѕвездите“.

А1 он разговараше со Атанас и Јована кои велат дека иако нивните очекувања биле дека ќе испаднат во првите месеци, стигнаа до финалето. Тие со својата игра се потрудија да остават голем впечаток кај публиката и затоа се среќни што се во финалната вечер, заблагодарувајќи им се на гледачите кои несебично ги поддржуваа и гласаа за нив.

Тие не сакаа да ни открија кои танци ќе ги изведат на финалната вечер, но велат дека со нивниот перформанс сакаат да остават впечаток кај гледачите, а не толку кај жирито.

Гледачите се тие кои одлучуваат кој ќе биде победник во финалето и затоа ние ќе се потрудиме нашите изведби да бидат повпечатливи за верната публика која ни помогна да дојдеме до тука, задоволно велат и двајцата.

Јована пак, со смеа забележува дека во првиот месец Атанас и ги одложувал пробите, па тие се единствената двојка која имала помалку проби од останататите.

Иако нивното прво запознавање било на дистанца, Јована вели дека е среќна што нејзиниот партнер е спортист, бидејќи претпоставила дека ќе биде дисциплиниран и редовен на пробите. Но Атанас во смеа вели дека Јована неколку пати го критикувала за неговата нередовност на пробите.

Во шоуто учествуваа 10 двојки, професионални танчери во тандем со познати личности. Во секоја емисија излегуваше по еден пар, а во недела ќе го дознаеме победникот.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска