(ВИДЕО) Иванка Трамп му заблагодари на Јокиќ што го „дисциплинираше“ нејзиниот син

Од:

Иванка Трамп (43) – најстарата ќерка на американскиот претседателот Доналд Трамп објави видео на Инстаграм на кое се гледа дека нејзиниот осумгодишен син Теодор добива инструкции како да се фотографира со членовите на Ол-стар тимот во НБА лигата.

На видеото се гледа како Тео разговара со играчите, а потоа српскиот кошаркар Никола Јокиќ го врти кон камерите.

„Ти благодарам Јокиќ што го натера мојот Тео да слуша“, напиша на шега Иванка на видеото.

Иванка присуствуваше на НБА Ол-стар викендот во Сан Франциско, Калифорнија со нејзиното семејство, со сопругот Џаред Кушнер (44), ќерката Арабела (13) и синовите Џозеф (11) и Теодор (8).

Би можело да ве интересира

Рекорд на Јокиќ за нова победа на Србија на Евробаскетот

А1он

Чичкото на Никола Јокиќ меѓу уапсените за падот на настрешницата во Нови Сад

Катерина Ѓуровски