ВИДЕО: Хаос во Грција – Општа тепачка на мигрантите

Од:

Помеѓу мигрантите на грчкиот остров Кос изби општа тепачка додека локалната власт се мачи да ги смести сите бегалци кои илегално пристигнуваат со гумени чамци од блискиот турски брег.

Многу од мигрантите кампуваат во парковите и плоштадите на главниот град на Кос, кој е популарна туристичка дестинација.

Обидот мигрантите да се преселат на стадионот поради нивна регистрација пропадна бидејќи започна тепачка кога 1500 луѓе се собраа на стадионот.

Полицијата се обидувала да ја преземе контролата додека незадоволните мигранти ги блокирале патиштата.

652024_kos-foto-tanjug-ap-3_ff

Мигрантите барале регистрацијата да почне брзо, блокирајќи го главниот пат со извици „Сакаме документи, сакаме да јадеме“.

По сто лица во просек на ден пристигнуваат на источните егејски острови, а станува збор за луѓе кои бегаат од борбите во Сирија и Авганистан.

652022_kos-foto-tanjug-ap-1_ff

Власта, локалното население и хуманитарните организации се борат да се обезбеди регистрација, храна и засолниште за новопристигнатите бегалци, меѓу кои има и многу деца.

На стадионот на кој биле присутни само неколку полицајци кои ја изведуваа регистрацијата се обиделе да воведат ред во масата со прскање од апарати за гаснење пожар и со пендереци.

Над стотина луѓе во паника почнале да бегаат.

652025_kos-foto-tanjug-ap-4_ff

Слични протести и судири се случија последните неколку недели на неколку острови кои се на удар на мигрантите, вклучувајќи го и Лезбос.

Грчката крајбрежна стража спасила 329 мигранти во седум одвоени претраги во текот на 24 часа, долж брегот на Лезбос и Кос.

Грчката полиција соопшти дека до денеска уапсени се 156.726 мигранти поради нелегалниот влез и престој во земјата, што е огромен раст во однос на 32.070,колку што беа во истиот период лани.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит