ВИДЕО: Гужви и турканици во скопски локал каде пееше Владо Георгиев

Од:

Со гужви, играње и пеење вчера се одржа настап на српскиот пејач Владо Георгиев во познат угостителски објект во центарот на Скопје.

Присутните не одржуваат дистанца, ниту пак носат маски. Наместо почитување на протоколите за заштита од коронавирусот, кои налагаат дека вакви настапи смеат да се одржуваат само доколку гостите седат на маса, присутните се туркале за да го снимат пејачот одблиску и видеото да го објават на социјалните мрежи. Ваквото однесување доаѓа во денови кога во Македонија се бележи нов пораст на новозаболени од вирусот, односно и по 225 нови пациенти на дневно ниво. Eпидемиолозите укажуваат дека голем дел од нив се заразуваат во угостителски објекти кои не ги почитуваат протоколите. На угостителскиот објект каде што вчера Георгиев имаше настап, не му е првпат да ги крши протоколите за заштита од вирусот. Директорот на Пазарниот инспекторат за „А1он“ вели дека и минатата недела му поднеле кривична пријава.

„Вечер во ‘Мош’, повторно настап ќе има Владо Георгиев, повторно ќе пуштам инспекција. Зборував со Комисијата за заразни болести, да се најде начин и полицијата да доаѓа со нас, за да ги казнуваме и луѓето. Луѓето не се свесни. Колку и да ги казнуваме операторите, тие ќе ја платат казната. Кога одат инспекторите им велат: ‘Треба да бидете седнати, не станати’, на што добиваат одговор: ‘Ти ќе ми кажеш мене, еве го столчето до мене, јас ќе си играм’. Тоа е крајно несвесно и некоректно. Операторите ги казнуваме и со по 4 илјади евра, но, некаде и кривичните пријави не помагаат. Јас не знам како им се исплаќа“, вели Пауновски.

Директорот на Пазарниот инспекторат, Пауновски, вели дека не можат да ги затвораат објектите, бидејќи според законот е предвидена само кривична пријава за непочитување на протоколите.

„Ние од понеделник ќе разговараме и со дел од Владата што се надлежни за оваа работа. Ќе побараме поголеми ингеренции. Но, знаете дека тоа оди преку Собранието. Вечер мислиме да одиме со полиција и ќе бараме да ги казнуваат лицата кои се присутни, а не ги почитуваат протоколите“, додава Пауновски.

Би можело да ве интересира

Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ќе има казни

Од денеска казни на маркетите кои нема да ги намалат цените

Катерина Ѓуровски

Пазарен инспектор од Струмица земал мито, во притвор е

Катерина Ѓуровски

ДПИ за една недела извршил над 600 надзори и издал 110 прекршочни налози

Ана Ололовска

Над 250 платни налози изречени при контролите на Пазарниот инспекторат во првата половина на мај

Ана Ололовска

ДПИ: При вчерашните контроли на „Кванташки“ изречени парични казни од над 580.000 денари и 30-дневни забрани за вршење дејност

Ана Ололовска