(ВИДЕО) Голем пожар кај Струмица

Од:

Голем пожар на земјоделски површини во близина на Струмица

Локалните медиуми доцна попладнево јавуваат за голем пожар кај Струмица во реонот меѓу Софилари, Градски гробишта, Баница.

Видео: Радио СтрумицаНет

Градоначалникот на Струмица – Костадин Костадинов со реакцијата на социјалните мрежи ја потврди оваа информација и соопшти дека сите капацитети на ТППЕ Струмица се на терен.

Видео: Strumica Denes

„Овие луѓе до последна капка крв и пот даваат се од себе, да одговорат на над 10 свесно запалени земјоделски површини во еден ден. Во денови на жалост, жалиме сите и пожарникарите и инспекторите и сите ние како граѓани, зарем е ова човечки, што уште треба да дадат овие наши пожарникари и инспектори?“ – напиша Костадинов.

Тој апелираше инспекторатот за земјоделство да соработува и да излезе веднаш на терен.

Би можело да ве интересира

Нова кривична пријава за екс градоначалникот на Струмица Костадинов

Кривична пријава за поранешниот градиначалник на Струмица Костадин Костадинов

13 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Костадинов: Мојата партиска припадност од денес е замрзната во СДСМ

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Јасно е дека Филипче и Заев стојат зад Костадинов

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ