Известувајќи за нередите во Скопје, првата приватна национална словенечката телевизија Канал А, во извештајот од Скопје, пушти изјава на Талат Џафери, но синхронизирана и употребена во хумористичното шоу К-15.
Во ТВ сторијата, каде се анализира дека „јаболко на раздорот е новиот министер за одбрана Талат Џафери“, се емитува изјава која всушност е измислена за скеч, а синхронизирана од еден од ликовите во емисијата К-15.
„Јас сум вашиот нов министер за одбрана, министер сум за одбрана зашто уште нема министерство за напад“, гласи изјавата која на сред прилог со сериозна анализа беше емитувана на словенечката национална телевизија.
Видеото на К-15