Жителите на Кичево револтирани откако синоќа дојде до исфрлање на одредена количина пепел во воздухот од термоелектраната Осломеј. Целиот воздух бил загаден, едвај се дишело, а кај сите се јавиле истите симптоми-печење во грлото. Тие се револтирани и наведуваат дека не работи филтерот со што е затруен воздухот уште од синоќа.
Од АД ЕЛЕМ соопштија дека е отстранет дефектот во системот за водено отпепелување кој настана синоќа во термоелектраната Осломеј, поради што дошло до исфрлање одредена количина пепел во атмосферата.
– Станува збор за механички дефект, заглавен резервоар за хидросмеса, кој е веќе отстранет.
Стручните екипи на електраната работат на повторно вклучување на електростатскиот филтер на оџакот на ТЕ Осломеј и во секој момент се очекува да продолжи воденото отпепелување, согласно еколошките стандарди, наведуваат од АД ЕЛЕМ.