Став на РЕК Осломеј за протестите

Од:

РЕК Осломеј ги исполнува обврските кон работниците во комбинатот чиј статус е регулиран преку Агенција за привремени вработувања, одговори раководството по неколкудневниот протест на дел од вработените.

Во продолжение следува соопштението во целост:

Како комбинат целосно ги разбираме барањата на работниците дека сакаат да го решат статусот на неодредено време, но треба да имаат во предвид дека тоа зависи и од обемот на работа, видот на активности и финансиските можности на Комбинатот. Доколку обемот на работа и финансиските можности го дозволат тоа, ќе ги разгледаме сите опции и ќе се обидеме да излеземе во пресрет на нивните барања.

Факт што е добро познат на организаторите на овој протест е дека раководството на РЕК Осломеј е секогаш подготвено за средби со работниците со цел заеднички да се разгледаат нивните барања. Воедно, ги отфрламе како сосема неточни изнесените информации во јавноста дека платите на сите привремено ангажирани работници изнесуваат 12.000 денари.

Износот кој се исплаќа редовно и без било какво задоцнување зависи од индивидуалната стручна подготовка, како и од работните позиции на кои се распределени работниците.
Со оглед дека станува збор за објект од стратешко значење, апелираме до работниците да се воздржат од обидите за блокирање на пристапот до комбинатот, бидејќи тоа би можело да се одрази и врз нормалното функционирање на овој капацитет.

Во тој контекст, не е точно тврдењето на учесниците во протестот дека раководството на „Осломеј’ ги задржува вработените по 23 часа на работно место. Токму учесниците на протестот се тие што го блокираат влезот и излезот на РЕК Осломеј и не дозволуваат пристап од двете страни. Во ваква ситуација, учесниците на протестот ги попречуваат и оневозможуваат работните задачи на редовно вработените во комбинатот.

Да потсетиме, дека станува збор за работници кои претходно биле ангажирани од фирми надворешни изведувачи кои работеле за комбинатот, а потоа преку Агенција за привремено вработување директно биле вклучени во работниот процес во овој капацитет, согласно Законот за работни односи. Овој потег на раководството на РЕК Осломеј доволно зборува дека тие работници биле препознаени како потребен кадар во производствениот процес на комбинатот.

Сакаме да појасниме дека секој од привремено вработените има точно одредена работна позиција која впрочем е одредена и во Договорот кој секој работник го потпишал со Агенцијата. Во зависност од видот на активностите во комбинатот, како и од потребата за кадри , се надеваме дека во иднина постепено ќе се отвораат и можности за нивен ангажман во работниот процес на РЕК Осломеј.

Би можело да ве интересира

Турската „Fortis Energy“ која гради фотоволтаици во Осломеј, планира нови 40 МW инвестиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Со фотонапонската електрана „Осломеј“ до енергетска независност преку обновливи извори на енергија

Ана Ололовска

ТЕЦ Осломеј ќе почне со работа како што е предвидено, изјави Битиќи

А1он

Влада: Одобрено е финансирањето на фотоволтаичните електрани Осломеј и Битола преку ЕБОР

А1он

ВИДЕО: Потпишан договор за изградба на фотонапонската електрана Осломеј

Термоелектраната Осломеј ќе работи со зголемен интензитет во претстојната грејна сезона

А1он