Претставничката на Данска, Емили де Форест со песната „Only teardrops“ е победник на 58-то издание на Евровизија во Малме.
За време на целото гласање, Емили де Форест убедливо водеше, оставајќи ги зад себе останатите 25 песни кои се пласираа во финалето.
Песната „Only teardrops“ доби доволен број на гласови, 281, и пред да заврши гласањето. Второто место го освои Азербејџан со дури 47 поени помалку, а на третото место се пласираше Украина.
Овогодинешното натпреварување за Песна на Евровизија беше одржано во шведскиот град Малме, а следната година најголемиот европски музички караван се сели во Данска.
Жителите на поранешните југословенски републики ќе ја паметат оваа Евровизија, по тоа што ниту еден претставник од екс-СФРЈ републиките не се пласираше во финалето.