(ВИДЕО) Aмерикански кошаркар се соочува со смртна казна во Индонезија – кај него најдени се 132 бонбони со канабис

Од:

Американскиот кошаркар Џеред Двејн Шо се соочува со смртна казна. Тој е уапсен во Индонезија под сомнение дека се обидел да шверцува дрога, соопшти полицијата на оваа островска држава.

Сега му се заканува доживотна или смртна казна.

Шо игра за Тангеранг Хокс во локалната лига од 2022 година.

Тој беше приведен на 7 мај во неговиот стан во близина на главниот град Џакарта.

При претресот кај Американецот полицијата пронашла 132 бонбони со канабис, открил Роналд Сипајунг, шеф на полицијата на аеродромот Сукарно-Хата.

Апсењето се случило откако царината на аеродромот забележа сомнителен поштенски пакет кој пристигна од Тајланд и бил наменет за Шо.

Кога станува збор за Тајланд, од 2024 година нема казна за поседување канабис, но затоа законите во Индонезија се многу поригорозни

Според информациите, американскиот кошаркар планирал да ги подели бонбоните со соиграчите, а во пакувањето биле пронајдени вкупно 869 грама од недозволената супстанца.

Неговиот клуб Тангеранг Хокс го осуди неговото однесување, а договорот му беше раскинат, а му беше изречена доживотна забрана за настап во Индонезија.

– Индонезиската кошаркарска лига му забрани на Шо да игра доживотно. Не толерираме играчи, официјални лица или некој во спортот кој е поврзан со дрога. Нема место за наркотици во светот на кошарката – изјави претседателот на лигата, Будисатрио Гивандоно.

Би можело да ве интересира

Индонезискиот претседател на Путин му пренел порака од Зеленски

А1он

Само 45 странски туристи го посетиле Бали во 2021 година наспроти шест милиони пред пандемијата

Ана Ололовска

Индонезија првпат од 1997 година во рецесија

Ана Ололовска

Војници убиле тројца полицајци во индонезиската провинција Папуа

Ана Ололовска

Силен земјотрес го погоди индонезискиот остров Сулавеси

Бројот на жртви од цунамито во Индонезија се искачи на 420, опасност од ново цунами се уште постои

Наум Локоски