(ВИДЕО) Алексиќ: Притворот на Јанакиески и Божиновски е поради бегството на Груевски

Од:

Сметам дека вака донесеното решение со кое се определува притвор за двајцата обвинети, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски е повеќе поради неприсутноста на Никола Груевски, изјави адвокатката, Сања Алексиќ по денешното рочиште за случајот „Насилство во Центар“.

Алексиќ смета дека одлуката е неправедна по што додаде дека судот во Стразбур по однос на ова прашање има став дека однесувањето на сообвинетите не претставува основ да се определи притвор на некој друг во конкретниот случај ниту на Миле Јанакиески, ниту на Кирил Божиновски.

– И двајата не дадоа ниту причина ниту повод да се определи притвор бидејќи доследно и безпрекорно ги почитуваа мерките на претпазливост кои беа определени во текот на јули 2017 што значи повеќе од 1 година, вели Алексиќ.

Адвокатката информираше дека се поднесени жалби до судот за притворот на поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, а побарале и јавни седници во кои ќе ги произнесат жалбените наоди.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Д-р. Јован Божиновски e нов директор на У.К. „Неврологија“

Горан Наумовски

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски