(ВИДЕО)Активистот Миша Бачулов приведен до 48 часа, обвинет за подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија

Од:

Полицијата во Србија денеска ги уапси М.Б. и Д.Ц. под сомнение дека планирале и се договориле со најмалку уште едно лице за дејствија што создаваат услови за „итно извршување на кривичното дело „Напад врз уставниот поредок“ и тие се приведени до 48 часа, соопшти Вишото јавно обвинителство во Белград.

Медиумите претходно објавија дека е уапсен активистот и член на Собранието на Нови Сад – Миша Бачулов, што неговиот адвокат го потврди.

Во соопштението за медиумите, ВЈТ наведува дека од 28 до 30 октомври 2025 година, М.Б. и Д.Ц. договориле во Белград наводно да го отрујат Бачулов, за што ќе го обвинат претседателот на Србија и актуелните државни власти, а што, според нивно мислење, ќе резултира со масовни протести закажани за 1 ноември во Нови Сад, предизвикувајќи големи немири, кои потоа ќе доведат до државен удар и насилна промена на власта во Србија.

Кривичната пријава ги товари осомничените за кривично дело „подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Вучиќ пред годишнината од несреќата во Нови Сад: За доброто на жртвите и нивните семејства, ве молам покажете почит

А1он

Млад џудист на „Партизан“ загина во сообраќајка близу Нови Сад, осум патници се тешко повредени

Горан Наумовски

Во Грузија уапсени тројца Кинези – сакаа нелегално да купат ураниум

А1он

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Повторно е поднесено обвинение против Весиќ и 12 лица за уривање на настрешницата во Нови Сад

Две лица приведени во Дебар поради предизвикување пожар