(ВИДЕО) Актерката Стојановска на прашање дали тргувала со дрога: Боже, боже

Од:

Актерката Силвија Стојановска не сакаше да одговара на новинарски прашања при излегувањето од кривичниот суд од каде што што беше спроведена во куќен притвор.

Новинарите ја прашуваа дали е точно дека е осомничена за трговија со дрога, а наместо одговор таа искоментира “Боже, боже”.

Актерката не даде одговор ниту на прашањето дали е уапсена на граница и дали знаела дека Обвинителството води истрага за неа.

Стојановска беше приведена доцна попладнево и спроведена пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје во врска со заплена на голема количина дрога.

Второто лице осомничено заедно со Стојановска за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги доби мерка затворски притвор.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва