Македонската продуцентска куќа „Сестри и Брат Митевски“, како копродуценти на романскиот филм „Сиера Невада“ на познатиот режисер Кристи Пуиу, ќе биде дел од официјалната главна програма на 69. Кански филмски фестивал.
– Оваа соработка и го носи на Македонија првото учество во главната програма на Канскиот филмски фестивал.
– Ова е голем ден за македонската кинематографија. Нема автор или продуцент, актер, филмски професионалец, кој не посакува да биде во Кан, во која било програма. За жал, Кан многу малку знае за нашата кинематографија, и со овој успех, со оваа копродукција сметам дека пополека ќе започне да ни се отвара и Канската врата,
– Од првата средба со овој автор му се восхитував на неговите дела. Да соработувам со автор од тој калибар, се разбира, од секогаш сум посакувала. Но до таму не се стигнува така лесно. Првиот директен контакт дојде преку „Producers on the move“ на „European Film Promotion“ на Канскиот фестивал во 2013 и благодарам на нашата Агенција за филм за препораката за учество. Следно, дојде препораката од легендарниот директор на Сараевскиот Филмски Фестивал Мирсад Пуриватра кој веќе беше дел од копродукцискиот тим. Следно, особено важна улога имаше и репутацијата, која во филмскиот свет, со години и макотрпно се гради. Во последните години успесите со филмовите на Теона и анимациите на Вук во Европа на нашата компанија и донесе едно навистина убаво реноме. Веќе седум осум години наназад бевме преплавувани со барања да бидеме дел од копродукциски филмови. Но, бевме многу претпазливи и сметавме дека кога ќе одлучиме да бидеме дел од некоја копродукција тоа да биде со вистински автор на кого му се восхитуваме. Веднаш по фестивалот, ми понудија да бидам дел од овој проект. Не само што бев воодушевена, туку и свесна за привилегијата која ми се нуди. И така започна ова успешно и прекрасно патешесвие, со кое сега сите можеме да бидеме горди. Да се соработува и да се учи од вакви професионалци е голема среќа, рече продуцентот Лабина Митевска.
Директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска Илиевска оцени дека е ова значаен успех за македонската кинематографија и за Македонија која првпат ќе биде дел од главната програма во Кан.
– Секогаш искрено се радувам кога имаме повод да го празнуваме филмот и филмската уметност. Уште повеќе се радувам кога за ваквиот повод свој удел има и Агенцијата за филм, рече таа.
Од македонска страна учествуваа неклку филмски професионалци, Иво Бару како како втор асистент на режија, Мојца Горгоранц-Петрушевска како автор на шминка, Анастас Георгиев во секцијата на звук заедно со Александар Ѓорѓевиќ, Горјан Атанасов, како и помала техничка екипа.
„Сиера Невада“ зборува за еден фамилијарен собир. Преку инволвираноста во оваа фамилија на многу директен начин се отвараат многу интересни аспекти итеми од животот во Романија.