Во својата 5-та номинација Леонардо ди Каприо конечно ја доби наградата Оскар за најдобар актер.
На 88 церемонија на доделувањето на годишните награди на Академијата која се одржа во Лос Анџелес, 41 годишниот Ди Каприо ја доби наградата за неговиот портрет на трговец од 19 век во филмот „Revenant“.
Режисерот на овој филм Алехандро Ињариту ја доби наградата за најдобар режисер.
Драмата за новинарите во Бостон кои откриваат случаи на сексуална злоупотреба од страна на католички свештеници „Spotlight“, ја освои наградата за најдобар филм.
Бри Ларсон го освои Оскарот за најдобра женска улога во филмот „Room“.
Легендарниот италијански композитор 87 Енио Мориконе, 87, ја доби наградата за најдобра музика во филмот на Квентин Тарантино „Hateful Eight“.
Најдобар странски филм е унгарскиот „Son of Saul“.