Директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија изјави дека до сега не добиле никаков снимен материјал од серијата „Македонија“.
„По три месечни анализи и собирање на документи, сите релевантини иснтитуции се запознаени со правниот аспект од снимањето на серијата Македонија.
– По констатирани бројни нерегуларности, Агенцијата за филм и Владата на РМ донесоа одлука да се прекине каква било натамошна исплата на средства и да се бараат исплатените близу еден милион и двесте илјади евра да се вратат бидејќи до овој момент, Агенцијата за филм не добила никаков снимен материјал за првата сезона, како што стои во договорот што требал да биде испочитуван најдоцна до 4-ти септември 2017 година“, нагласи Тозија.