ФОТО+ВИДЕО: Кој е новиот премиер на Грција?

Од:

Алексис Ципрас до пред неколку години беше речиси непознат, но економската криза го лансира на политичката сцена.

Тој важи за неконвенционален политичар во државата, а во тек на изборната кампања неколку пати го вознемири естаблишментот во Брисел, поради своите најави за односот кон еврозоната.

tsipras-a (11)

Роден е на 28-ми јули 1974 година, која што е клучна за политичките промени во Грција, со оглед на тоа што тогаш е урната воената диктатура која ги прогонувала левичарите и комунистите.

tsipras-a (6)

Тајната на неговиот успех е што не припаѓа ниту на социјалистичкиот Пасок, ниту на конзервативците на Нова демократија.

tsipras-a (8)

Тој по професија е инженер, за кого грчката јавност за прв пат слушнала во 1990 година, кога како седумнаесетгодишник во тек на училишни протести во изјава на грчката телевизија рекол дека „Сакаат да имаат право сами да одлучат дали ќе одат на час“.

tsipras-a (0)

Кога неговата грчка Комунистичка партија ја напуштила коалицијата на левичарските партии, тој одлучил да остане во коалиција и да ја напушти партијата.

tsipras-a (5)

Во периодот помеѓу 1999 и 2003 година, бил активен во организирање протести против глобализација, а во 2004 година коалицијата се соединила со други левичарски партии и движења во чие што име е Коалиција на радикална левица, позната како Сириза.

tsipras-a (2)

Неговите соработници велат дека станува збор за перфекционист, кој што е темелен во својата работа и неговиот успех пред се е резултат на стратегија и многу труд.

tsipras-a (9)

И политичките аналитичари се согласни дека не би успеал без внимателно планирање, а клучен став кој го дели од останатите политичари е мислењето дека решението е во рацете на Атина, која треба да се ослободи од барањата за штедење кои пред неа ги постави ЕУ.

tsipras-a (7)

Политичките противници му замеруваат за неискуството, со коментари дека за само неколку години во парламентот, без искуство во финансиските и правни работи, Ципрас ќе биде до гуша во проблеми, кога ќе седне на преговарачка маса со претставници на Меѓународниот монетарен фонд или Европската централна банка.

tsipras-a (1)

Заменикот на грчкиот премиер Евангелос Венизелос го нарече Хари Потер, поради тоа што дава фантастични ветувања, кои според него нема да може да ги одржи, пишува британски „Индепендент“.

tsipras-a (3)

Ципрас во неодамнешно интервју со цел да покаже дека не е подготвен за компромис кога се во прашање клучни принципи, рече „Доколку до сега не ме видовте да носам вратоврска, се сомневам дека тоа ќе го видите и од сега“.

tsipras-a (12)

Освен што неконвенционално се облекува има и неконвенционален живот нетипичен за еден Грк, бидејќи дваесет години живее со Перистера Бациан со која има две деца, а се уште на ја крунисал својата врска со брак.

tsipras11 (4) tsipras11 (6) tsipras11 (3) tsipras11 (2) tsipras11 (5) tsipras11 (1) tsipras11 (7) tsipras11 (10) tsipras11 (8) tsipras11 (9) tsipras11 (11) tsipras11 (12) ?????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит