ЕКСКУЛУЗИВНО ВИДЕО: Гласам во Центар, зошто живеам кај кајсијата

Од:

Екипата на А1он следеше низ улиците на Дебар Маало повозрасна жена гласач од Пустец која се изгуби и не знаеше ниту кој ја донел, ниту каде да оди.

На гласачкото место во училиштето Коле Неделковски во Центар освен неа беа донесени со возила и други гласачи од Пустец.

Оваа жена која на стари години некој ја приморал да помине толкав пат за да гласа во Скопје, се вртеше по улиците, за на крај да каже дека живее во куќата каде што има кајсија.

Веднаш потоа збунето призна дека Едмонд Темелко и е градоначалник, и изнервирано праша:

„Зошто ние Македонците од Албанија да немаме право да гласаме тука?“.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември