(ВИДЕО) Дукоски: Бојан Јовановски има рак на желудник, бараме замена на мерката притвор

Од:

Адвокатот на Бојан Јовановски – Боки 13, Сашо Дукоски, по завршувањето на денешното судење рече дека неговиот клиент има рак на желудникот и тој ќе бара преиспитување на мерката ефективен притвор и замена на таа мерка.

„Дијагнозата како што гледате е издадена пред два дена од Градската општа болница „8 септември“. За анализа се земени 8 парчиња и утврден е карциом, односно рак на желудникот. Се очекува повторно утврдување на оваа фактичка состојба, но ова докажува во каква здравствена состојба се наоѓа Јовановски. Обвинетиот, видовте и денес, не е во состојба да го следи судењето. Човек кој постојано повраќа крв и не е во состојба да го прати судењето, не може да се одвива фер судење. Затоа ќе се бара преиспитување на мерката ефективен притвор и замена на таа мерка“, рече Дукоски.

Инаку, од медицинската документација што ја приложи Дукоски, може да се прочита дека станува збор за дијагноза К25, што значи хроничен улкус (чир), но во документот стои дека постои сомнеж за малигнитет.

„Моментално е во полоша клиничка состојба, со болки, гадење и чести повраќања“, стои во извештајот.

На денешното рочиште за случајот „Рекет“, каде првообвинет е Јовановски, а второобвинета ексшефицата на СЈО Катица Јанева, тој со повишен тон и мавтајќи со медицинската документација, ѝ се обрати на обвинителката Вилма Русковска со зборовите „вршите тортура врз мене, корумпирана обвинителке, Господ ќе ти врати!“.

Тој беше отстранет од судницата па повторно вратен.

Апелацискиот суд во понеделникот ја одби жалбата на Јовановски за укинување на мерката притвор.

Јовановски е во истражниот затвор во Шуто Оризари од август минатата година.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески