(ВИДЕО) Димитров: Ни лидери, ни свети лидери не ми требаат да застанам зад интересите на државата

Од:

Ни лидери, ни свети лидери не ми требаат да застанам зад интересите на државата, му реплицираше министерот за надворешни работи Никола Димитров на говорот на пратеникот од ГРОМ, Панчо Минов на неговиот говор претходно во кој побара да се услови прифаќање на името Северна Македонија по нашето зачленување во ЕУ и НАТО.

„Прво со оглед на потребата од доверба меѓу Македонија и Грција двете страни настојувавме, нашите чекори кон ЕУ и НАТО е да се врзани со тоа нас и тоа што нив им треба. Второ, ние сме речиси таму договорот ќе биде целосно спроведен во рок од пет години. И таму во Грција има опозиција, тие критикуваат идентитетски теми. Кај нас критика е опфатот тука е компромисот.

– За идентскиот амандаман не може да е спротивно со договорот зашто дава право на самоопределување. Трето, како што за нас не беше лесен чекор правото на самоопределување, за нас е важно што имаме чист идентитет. Груевски во 2009 година велеше Грција бара и внатрешна употреба и јазикот да е сменет“, рече Димитров алудирајќи дека сега јазикот е задржан што е главна критика на грчката опозиција.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи