Земјотреси во Македонија

Од:

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани на целата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистрираше два земјотреси чии епицентри припаѓаат на епицентрално подрачје Делчево – Берово, 125 km југоисточно од Скопје.

Првиот земјотрес се случи во 18 часот и 28 минути и е со измерена Рихтерова локална магнитуда од 3.6 степени додека вториот во 18 часот и 30 минути е со локална Рихтерова магнитуда од 2.9 степени.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, првиот земјотрес почувствуван е од населението во градовите Берово, Делчево и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека вториот III степени според истата скала.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Земјотрес по земјотрес: 6,8, па 6,5 степени

Силен земјотрес ја погоди БиХ, потресите се почувствуваа во близина на Ливно

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Силен земјотрес ја погоди Боливија