Зеленски со американските сенатори: „Ако не добиеме помош – ќе ја изгубиме војната“

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со американски сенатори по средбата со членовите на Сенатот во салата на Стариот Сенат, за време на посетата на Капитол.

Зеленски рече дека имал „одличен дијалог“ со американските сенатори на Капитол Хил.

„Ние сме ви благодарни на вас, новинарите, сенаторите и сите други што ни помогнавте“, рече лидерот на заминување од средбата со пратениците.

Тој изјави дека „разговарале за многу детали“, иако не прецизираше за што конкретно, пренесува CNN.

Водачот на мнозинството во американскиот Сенат, Чак Шумер, изјави за новинарите дека Зеленски ги предупредил за опасностите од необезбедување дополнителни средства за Украина.

„Има една реченица која го сумира сето тоа, а јас ја цитирам дословно. Зеленски ни рече: „Ако не добиеме помош, ќе ја изгубиме војната“. Тоа се негови зборови“, посочи Шумер.

Водачот на малцинството во американскиот Сенат Мич Меконел додаде дека тоа е „добар состанок“.

Како што потсетува американската ТВ мрежа, американскиот претседател Џозеф Бајден ќе го прими Зеленски во Белата куќа.

Бајден очекува Зеленски да го информира за ситуацијата на бојното поле како што се приближува втората есен од војната, изјави за новинарите координаторот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води

Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба

ВИДЕО: Америка дозволи купување руска нафта

ВИДЕО: Украина развива балиситчко оружје кое тврди ќе достигне до Москва

Катерина Ѓуровски

Војната во Украина го поттикнува зголемувањето на трговијата со луѓе во Европа

Европа стана најголем увозник на оружје во светот