А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Uncategorized

ВМРО-ДПМНЕ и независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ се скараа за името

by А1он01/12/2018 - 13:43201
Share0

Зекир Рамчиловиќ од име на независната пратеничка група која произлезе од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата рече дека 8те пратеници кои со своето гласање го овозможија отворањето на уставните измени ќе гласаат воздржано за три амандмани.

Добивај вести на вибер

„Процесот е врзан со процесот на простување и помирување. Со нашиот глас се отвори дебата. Имаме ист однос за неопходноста од отворање на дебата. Оваа дебата да биде за добро на граѓаните и да се овозможи она што ни е единствена цел а тоа е ЕУ и НАТО“, рече Рамчиловиќ.

Координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески го замоли претседателот на Собранието талат Џафери за коректност.

„На 2 ноември генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ испрати допис до Собранието со известување дека 7 пратеници се исклучени од партијата. Да ги преземете активности да не го користат името на ВМРО-ДПМНЕ и да ги ословувате како независни пратеници. Власта не може да си нарача опозиција“, рече Мицески.

„Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ не е пратеник и неговиот допис не произведува правни дејства. Пратениците се изјаснија со писмо дека од тој момент дека дејствуваат како независни пратеници но ме известија дека основаат нова пратеничка група. Евентуалниот спор за употребата на името не е надлежност на Собранието туку на судот“, му одговори Талат Џафери.

Наместо дебата за уставните амандмани во законодавниот дом трае докажување за тоа кој повеќе придонел за Македонија, кој се грижи за нејзината иднина, за гласањето на Референдумот.

sobranievmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:03

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:2919/02/2026 - 11:42

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?

Горан Наумовски19/02/2026 - 09:12

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 07:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен