ВМРО-ДПМНЕ: Доколку освоиме двотретинско мнозинство ќе сториме се што е можно за да ги коригира штетите од Заев

Од:

„Заев во паника уште сега ја призна победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори. Исплашен од поразот кој му следи, Заев се обидува да ги заплаши граѓаните дека доаѓа крајот на светот ако не се согласуваат со неговиот капитулантски договор.

Заев знае дека се ближи денот кога ќе треба пред граѓаните да одговара за тргувањето со државните и национални интереси, за продажбата на јазикот и историјата. Затоа тој се служи со апокалиптични сценарија претставувајќи дека единствениот начин за преживување е неговото виткање на кичма“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонските граѓани се свесни дека единствената причина поради која Заев го потпиша капитулантскиот Преспански договор беше за да ги покрие сопствените криминали преку кои тој го оштети државниот буџет за стотици милиони евра. Граѓаните знаат дека тој договор беше обид за спас на Зоран Заев и неговите пајташи, а не за спас на Македонија и граѓаните.

Преспанскиот договор наместо подобар живот на граѓаните им донесе заробени институции, секојдневни престрелки по улиците и афери како „Рекет“, „Сархемс“, „Леонардо“, но и крвави тендери и концесии за марихуана од кои единствена корист има Заев и врхушката на власт околу него.

Ни трага ни глас нема од нови болници, училишта, студентски домови и студентски град, 500 километри автопати, големи инвестиции како „Гугл“ и „Фејсбук“, а нема ни почист воздух. Нема ништо од тоа што го ветуваше кога по плоштадите ветуваше живот за сите, а животот дојде само за него и функционерите на власт“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо живот донесе сиромаштија и беда, јавниот долг вртоглаво расте а повеќе од половина милион граѓани на Македонија едвај преживуваат. Затоа граѓаните ќе го казнат Заев. За сите овие злодела и порази кои ги испорача изминативе три години.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ освои двотретинско мнозинство ќе стори се што е можно за да ги коригира штетите кои Зоран Заев и ги направи на Република Македонија. Toa не значи дека Македонија нема да биде дел од НАТО или дека ќе има помалку странски инвестиции. Напротив, Македонија ќе биде горд сојузник на нашите стратешки партнери, а странски инвестиции ќе има многу повеќе отколку сега.

Црните сценарија кои ги најавува Заев нема да поминат кај граѓаните. Заев повеќе никогаш нема да биде премиер и ќе биде жестоко поразен на 12 април, а после тоа следува обновата на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски