Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Од:

Влада на денешната 57-ма седница го донесе предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми. Со оглед на фактот дека резултатите од последните истражувања покажуваат дека над 70% од јавноста се информира на интернет, со што онлајн медиумите стануваат важен чинител во медиумскиот простор, се наметна потребата од нивно воведување во Законот за медиуми, што ќе придонесе и за поинтензивно поттикнување на саморегулацијата како битен сегмент за професионалното новинарско работење и зајакната конкурентност во медиумскиот простор.

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми има за цел да ја зајакне конкурентноста во медиумскиот простор и да ги реши постојните проблеми со интернет порталите, преку поставување на правна рамка која ги препознава како такви, односно јасни правила за нивно основање и регистрација.

Дополнително, на денешната седница Владата ги утврди членовите во Комисијата за утврдување на репрезентативност од надлежните институции и тоа, по еден претставник од Министерство за економија и труд, Министерство за социјална политика, демографија и млади и Министерство за правда.

Воедно, Владата ја донесе одлуката да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари како резултат на достоинственото презентирање на македонските спортисти во Хрватска на Светското првенство, со особена благодарност за нивната пожртвуваност.

Имајќи ја предвид потребата за изведба на потпорен ѕид на УКЦ Мајка Тереза, Владата ја разгледа и усвои информација за повеќегодишна јавна набавка и даде согласност за преземање на обврски во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства за 2025, 2026 буџетска година на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ

Европските искуства предупредуваат: рестрикциите го поттикнуваат црниот пазар на никотински производи