(ВИДЕО) Tрамп вели дека ја завршил војната со Иран: Откриено е што е подготвен да потпише

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД и Иран се блиску до потпишување договор со кој ќе се стави крај на војната на Блискиот Исток.

Трамп ја сподели веста за прекин на непријателствата за време на телефонски разговор со политичките сојузници, повторувајќи дека ја постигнал својата клучна цел во надворешната политика.

„Не знам дали слушнавте, но денес ја завршивме војната со Иран“, рече Трамп.

„Тие се согласија дека никогаш нема да имаат нуклеарно оружје, што е нешто на што инсистиравме; тоа беше целата поента“, рече Трамп.

Додека Трамп ветуваше брз крај на конфликтот и формална церемонија на потпишување во Европа овој викенд, Техеран беше многу повоздржан.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави на државната телевизија дека извештаите за конечен договор се „шпекулативни“ и дека „сè уште ништо не е финализирано“.

Багаеи потврди дека голем дел од текстот на меморандумот е договорен, но го обвини Вашингтон дека наметнува „прекумерни барања“ и „нови услови“ во последен момент, нагласувајќи дека Иран нема да отстапи од своите „црвени линии“.

Би можело да ве интересира

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби