(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Од:

Александар Глигоријевиќ (26) од Лесковац на крајот на јули исчезна додека бил на одмор на Кипар, а неделава е пронајдено тело, иако нема официјални потврди од кипарската полиција дека е тој. Мајката на Александар ги чека резултатите од обдукцијата, но неговиот татко Дејан тврди дека тоа е неговиот син и се збогува на социјалните мрежи.

Дејан Глигоријевиќ, таткото на исчезнатиот Србин, на Фејсбук објави видео како тој ја посетува шумата каде што беше пронајдено телото на мажот во Аја Напа.

– Ај сине, каде ги остави коските… На Кипар ги остави коските – се слуша како Дејан ги снима трагите на земја на местото каде што лежело телото.

Александар Глигоријевиќ на 18 јули заминал на Кипар со намера да кампува на островот. Меѓутоа, тој се предомислил и решил да остане во хостел во Аја Напа. За време на престојот на Кипар се сретнал со пријател.

Токму овој пријател на Глигоријевиќ го објави апелот за неговото исчезнување.

Родителите на Глигоријевиќ, Јасмина и Дејан, последен пат го виделе синот на 24 јули. Потоа наводно им рекол дека има вирус и дека се чувствува лошо. По два дена му се губи секаква трага.

Според Јасмина, познаникот на Александар од Кипар ги посетил сите болници во потрага по Лесковчанецот, но никаде го немало.

По месец и половина, приватната истражувачка компанија „Bakun investigative&security group“ во различни групи на Фејсбук објави дека телото на Александар е пронајдено во шумата во близина на неговото сместување само 40 часа откако ја започнале потрагата.

Тие велат дека полицијата допрва треба да го идентификува телото.

И кипарските медиуми објавија дека е пронајдено машко тело, но не наведоа дека се работи за Глигоријевиќ.

„Според полициските информации, на 3 септември околу 10:30 часот, во шумска област северно од Аја Напа, проајдено е машко тело во поодмината фаза на мумификација“, пишуваат кипарските медиуми.

Според нив, полицијата извршила увид на лице место и наредена е идентификација на телото.

ТОткако приватните истражители ја објавија информацијата дека е пронајдено телото на Глигоријевиќ, таткото на Александар Дејан на својот Фејсбук профил објави фотографии од неговиот син со потресни пораки.

Истата содржина ја објави и пријателот на Глигоријевиќ од Кипар, како и пријател од Србија.

Од друга страна, мајката на Александар, Јасмина, за медиумите изјави дека се уште не е направена ДНК анализа на телото што е пронајдено во шумата и дека се надева дека тоа не е нејзиниот Александар. Исто така, како што рече, ќе чека полицијата и официјално да ја потврди информацијата.

Би можело да ве интересира

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски

Белград: Студентите го блокираат ГСП, заглавени се 130 трамваи и 150 автобуси

Се подготвува воен сојуз меѓу Србија и Унгарија

Еден од тројцата пациент во Болницата во Ниш е во тешка состојба