(ВИДЕО) Ковачевски: Взаемната доверба и пријателство со Ватикан е потврдена преку заедничкото историско, културно и религиско наследство

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски ја предводи државно-црковната делегација на аудиенцијата кај Папата Франциск.

– Овој историски настан беше потврда за високото ниво на взаемна доверба, разбирање и пријателство меѓу Република Северна Македонија и Ватикан. Нашата соработка и признание од страна на Ватикан е потврдена со тоа што ликовите како што е Света Мајка Тереза и Светите браќа Кирил и Методиј, кои се дел од нашето заедничко наследство, Ватикан ги прогласи за покровители на Европа.Отпочната е иницијатива за потпишување на договор, односно конкордат помеѓу Северна Македонија и Светата Столица, со кој ќе се регулира статусот на Католичката црква во нашата земја и ќе се унапреди соработката во области од взаемен интерес изјави Ковачевски по средбата.

Ковачевски со Папата Франциск и со државниот секретар Паролин разговарале и околу можностите за соработка во областа на високото образование со институтите на Ватикан. Поттик за оваа наша заедничка желба доаѓа од успешната соработка помеѓу Папскиот универзитет „Урбаниана“ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Конклавата почнува утре, двајца фаворити за нов папа

ВИДЕО: Ватикан се подготвува, поставен оџак на Сикстинската капела

Катерина Ѓуровски

Објавени фотографии од гробот на папата

Катерина Ѓуровски

Погребан папата Франциск

Предраг Петровиќ

Пристигна во Рим во најскап стајлинг, а на погребот на папата беше непрепознатлива

ЖИВО: Почна погребната церемонија на папата Франциск, обезбедување од 4.000 полицајци