(ВИДЕО) Киев повторно има струја и вода: Нема да не скршат

Од:

Струјата постепено се враќа во Киев. Главниот украински град имаше проблеми со снабдувањето со електрична енергија по жестокиот руски напад во средата во кој беа погодени бројни инфраструктурни цели. Покрај струја жителите на Киев беа и без вода и без греење.

Синоќа струјата се врати во голем дел од градот, а на социјалните мрежи се споделуваат видеа од реакцијат на жителите кога во нивните домови повторно има светлина.

Во редовното видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски ги пофали Украинците за нивниот дух на отпор кон руската инвазија. „Издржавме девет месеци сеопфатна војна и Русија не најде начин да нè скрши. И тоа нема и успее“, рече украинскиот лидер.

Зеленски, исто така, призна колку е тешко да се обнови снабдувањето со електрична енергија и вода по нападите во средата врз цивилни цели, кои тој ги нарече „одмазда на оние што загубија“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води

Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба

ВИДЕО: Америка дозволи купување руска нафта

ВИДЕО: Украина развива балиситчко оружје кое тврди ќе достигне до Москва

Катерина Ѓуровски

Војната во Украина го поттикнува зголемувањето на трговијата со луѓе во Европа

Европа стана најголем увозник на оружје во светот