(ВИДЕО) Арсовски: Русковска се уште ги штити инволвираните политичари од власта во „Рекет“

Од:

„Еве веќе почнува и 5-тиот месец од истрагата за случајот „Рекет“, а дури сега почнаа да се викаат споредните соработници на Боки 13, а не нарачателите.

Петтиот месец тече, а сеуште Вилма Русковска ги штити инволвираните политичари од власта и не ги повикува на распит да дадат исказ.

Кога и дали планира Вилма Русковска да ги повика на распит Зоран Заев, Кики и Фрики, Шеки и сите останати од меѓународниот сојуз? Каде е торбата со пари која што беше земена од страна на Боки 13?

Вилма Русковска нема намера да го расчисти случајот „Рекет“, вели Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вилма Русковска и Љубомир Јовевски се ставаат во заштита на криминалот и корупцијата која ја прави власта изминативе 2 години.

Нема човек кој не е свесен дека Бојан 13 и Катица Јанева не можеле и немале можност самите да рекетираат и да уценуваат бизнисмени и политичари.

Нема човек кој не е свесен дека целиот државен врв е вмешан во случајот „Рекет“, а Вилма Русковска, обвинителството на Љубомир Јовевски сакаат да ги заштитат и да го забошотат целиот случај на милионско рекетирање за кое што сме сведоци во моментот.

Катица Јанева и Зоран Заев се едно исто во случајот „Рекет“, а Боки 13 е избран како извршител на рекетирањето, човек во кој никој не би требало да се посомнева дека ја зема торбата со пари и ја носи на одредено место.

Го повикуваме обвинителството, да не ја кочи истрагата, туку веднаш да ги повика сите на распит и да додели притвори за да нема влијание врз сведоците и бришење на доказите, како што беше случај изминативе 4 месеци.

Секој поминат ден е само поголем доказ и поголема потврда дека сакаат да ги скријат и да ги заштитат криминалците од власта на СДСМ и од СЈО.

Почитувани господа од власта, Ви дојде крајот. Од овој скандал нема назад.

Потребни се предвремени парламентарни избори на кои Зоран Заев и рекетарско – криминалната банда ќе отидат во историјата, а веднаш потоа ќе отпочне обнова на Македонија“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ