Ванхауте: Владата треба да си поднесе оставка

Од:

Поранешниот преговарач Питер Ванхауте смета дека решението за тековната криза не е во бескрајни правни расправии во парламентот.

Поранешниот преговарач Питер Ванхауте смета дека решението за тековната криза не е во бескрајни правни расправии во парламентот и во поништување на остатоците од Договорот од Пржино: „Секое решение започнува со покажување политичка волја за решавање на кризата. Ситуацијата не налага уште театар, туку решенија.“

Затоа, преговарачот Ванхауте советува:

1. Прекинете да барате толкувања на Законот и Уставот.
2. Прекинете со измени на законодавството и преправање дека ги решавате постојните проблеми.
3. Како главен одговорен за тековната ситуација, Владата треба да си поднесе оставка.
4. За преоден период, треба да се именува експертска Владата со единствена цел да ја возобнови демократијата.“

Во меѓувреме, Ванхауте смета дека сите партии, сите политичари и државни службеници треба отворено да прифатат одговорност за кое и да е извршено кривично дело и да се согласат со следново:

1. Претседателот треба веднаш да ги повлече сите помилувања.

2. На специјалната обвинителка треба да и биде овозможено да ја продолжи својата работа без никакви одложувања или опструкција.

3. Соодветните судови треба да ја обезбедат сета неопходна поддршка обезбедувајќи дека секој обвинет ќе соочи со правдата, без понатамошно одложување.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ванхауте ги открива намерите на Заев

Наум Локоски

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

(ВИДЕО) Ванхауте: Знаеме кои се, итно изолирајте ги!

Емир Латифовиќ

Ванхауте: Во Македонија го имате она што се случи во Вајмарска Германија 1930-те

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Ванхауте: Владата не реагира соодветно на барањата на народот

Ана Ололовска

Ванхауте: Протестите продолжуваат: Уште колку пред Владата да ја разбере пораката?

А1он