Уапсен и командантот на воената база Инчирлик, каде е сместено нуклеарното оружје на САД

Од:

Генералот Бекир Еркан Ван, командант на турската воздухопловна база Инчирлик, уапсен е под обинение дека учествува во обидот за државен удар.

Базата Инчирлик заедно ја користат турските воздушни сили и НАТО трупите.

Според договорoт помеѓу Анкара и Вашингтон, во базата Инчирлик е сместено американското тактичко нуклеарно оружје. Исто така, оваа база се користи за организирање воздушни напади против Исламска држава во Сирија.

Околу 6000 луѓе се наоѓаат во притвор поради испитување по неуспешнот пуч во Турција, изјави денеска турскиот министер за правда, Бекир Боздаг и додаде дека продолжува “големата чистка“.

Турската власт уапси 2.839 припадници на војската обвинети за организирање на пучот, а помеѓу нив се и генералите Ердал Остурк и Адем Худити, команданти на Третата и Втората армија на Копнената војска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма во Анталија: Пукање во владина зграда, напаѓачот се заклучи внатре, специјалните сили ја опколија зградата

ВИДЕО: Узбуна во НАТО базата Инџирлик во Турција

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО