Турците четврта вечер на улиците со поддршка за Ердоган

Од:

Четврта вечер по ред, стотици Турци се собраа на плоштадите за да ја искажат поддршката на претседателот Реџеп Таип Ердоган по неуспешниот обид за пуч на дел од војската, а во кој беа убиени над 200 луѓе.

Учесниците со знамиња на Турција извикуваа провладини и исламски слогани.

Пееја и песни со кои се велича Ердоган, а пред неговата резиденција во Истанбул се иташе куранот.

Поголеми собири имаше на Таксим во Истанбул, на централниот плоштад во Анкара, како и во Измир.
Ова се “демократски собири“ на кои повика Ердоган во ноќта на воениот удар, и од тогаш секоја вечер се оддржуваат во сите поголеми турски градови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма во Анталија: Пукање во владина зграда, напаѓачот се заклучи внатре, специјалните сили ја опколија зградата

ВИДЕО: Узбуна во НАТО базата Инџирлик во Турција

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО