Три милијарди луѓе во светот немаат услови за да мијат раце

Од:

Најновите податоци на УНИЦЕФ покажуваат дека околу три милијарди луѓе или 40 проценти од светската популација немаат услови дома да одржуваат основна хигиена со миење на рацете.

УНИЦЕФ предупреди дека недостапноста до основната хигиена како што е миењето на рацете за милиони луѓе значи зголемен ризик од зараза со коронавирусот и други болести.

Според извештајот на УНИЦЕФ објавен по повод Светскиот ден на миењето на рацете, во најмалку развиените земји, речиси три четвртини од населението не може да ги мие рацете дома.

Околу 43 проценти од училиштата во кои учат 818 милиони ученици немаат можност за миење на раце со вода и сапун, а во најсиромашните земји процентот на училишта без место за миење раце се зголемува на дури 70 проценти, пренесува UN News.

Извршната директорка на УНИЦЕФ за вода и хигиена, Кели Ен Најлор истакна дека пандемијата на коронавирусот укажа на клучната улога на хигиената на рацете во превенцијата на болестите и оцени дека е неприфатливо тоа што најранливите заедници не се во можност да ги користат наједноставните методи за заштита на животот.

Затоа УНИЦЕФ, заедно со Светската здравствена организација (СЗО), ја почна иницијативата „Хигиена на рацете за сите“, со цел да се подобри пристапот до места за миење раце, вода, сапун и средства за дезинфекција во сите средини.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимен моментот на масакрот во Краков: Напаѓачот имал дозвола за оружје; продолжил да пука и откако бил ранет

Предраг Петровиќ

Расте бројот на жртви во Краков: Напаѓачот носеше воена пушка, во автомобилот криеше цел арсенал оружје

Застрашувачки снимки од Краков: Луѓето бегаат за да спасат жива глава; Напаѓач во воена униформа пукаше врз минувачите

Предраг Петровиќ

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?

Иран предупредува: „Подземните ракетни градови се подготвени, подготвуваме оружје што ќе го изненади светот“

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин