Тешко ранет заменикот началник на општина во Истанбул

Од:

Во оружен напад кој се случи попладнето во Истанбул тешко е ранет заменикот началник на истанбулската општина Шишли, Чемил Чандаш.

Ранетиот е во тешка состојба, а според информациите од терен, напаѓачо влеголво неговата канцеларија и му пукал во главата.

Засега не е познато дали нападот е поврзан со неуспешниот воен удар кој се случи за време на викендот.

Во оваа општина, на власт е Републиканската народна партија, главната опозициска партија во Tурција.

Претходно, еден цивил беше убиен, а три лица беа ранети во престрелката што се случи во Анкара.

Нападот се случи недалеку од парламентот, а полицијата го уапси напаѓачот и го идентификува како полковник кој имал психички проблеми.

Оклoпни возила се на улиците на Анкара и Истанбул и засилено полициско присуство.

Би можело да ве интересира

Турски инфлуенсер e ставен на црна листа на авиокомпанија откако запали цигара во авион

А1он

Чистка во Анкара: Ердоган ги смени клучните министри

Турција разби шпионска мрежа, уапсени шест лица

Фидан: Турција се противи на насилство врз Иран, дијалогот е единствениот пат

Светот e загрижен поради создавањето на нов воен пакт

Летовите се откажани, а наставата е прекината во неколку провинции во Турција поради лоши временски услови