Ставридис: Ако е мртов Соколов, тој е највисокиот поморски офицер убиен по Втората светска војна

Од:

Украина објави дека во ракетен напад врз седиштето на руската Црноморска флота на окупираниот Крим загинал командантот на таа флота.

Ова го објави американскиот NBC News, кој наведува дека командант на Црноморската флота е адмиралот Виктор Соколов, кој не се споменува по име во украинското соопштение.

Претходно, украинските сили за специјални операции објавија на Телеграм дека во нападот има „десетици мртви и ранети, вклучително и високо раководство на флотата“ се убиени во напад на седиштето на флотата во Севастопол, Крим.

Во соопштението се наведува дека операцијата е наречена „Стапица за ракови“ и дека е спроведена „навремено и прецизно“.

Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, соопшти денеска, повикувајќи се на силите за специјални операции на земјата, дека во ракетниот напад врз седиштето на руската Црноморска флота во петокот загинал нејзиниот командант, адмирал Виктор Соколов.

Според истото тврдење, покрај Соколов, таму загинале уште 34 руски офицери, а 105 биле ранети.

NBC News објави дека во текот на изминатиот викенд се зборуваше меѓу аналитичарите по војната во Украина дека Соколов е убиен.

Ова го коментираше американскиот адмирал Џејмс Ставридис, поранешен врховен командант на сојузничките сили на НАТО, кој сега е главен аналитичар на NBC News за меѓународни безбедносни прашања.

– Ако е вистина (дека е убиен Соколов), тоа би бил највисокиот поморски офицер убиен во борби по Втората светска војна – рече Ставридис во објава на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украина со дронови ја нападна Русија, погодена рафинеријата во Саратов

Катерина Ѓуровски

Залужни: „Ја отфрламе капитулацијата…“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Зеленски: Не се плашам од Трамп

ВИДЕО: Украина со дронови го нападна северот на Русија

Катерина Ѓуровски

Русите силно ја нападнаа Украина кружат фотографии од зградата во која се урна дрон

Катерина Ѓуровски

Москва тврди дека НАТО подготвува блокада на Калининград, американскиот генерал: „Би уништиле сè за неколку часа“