Спасовски: Лажните дојави за бомби доаѓаат од адреси од Иран и од Русија

Од:

Состојбата е целосно под контрола. Полицијата е тука, ќе биде во секое од училиштата, во сите институции. Будно работиме, во целиот изминат период, затоа што за нас сигурноста, безбедноста и спокојот на граѓаните се на прво место, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На сила се, како што посочи Спасовски, новите упатства, мерки и планови што се преземаат за вакви кибер закани.

– Во постојана комуникација сме, не само со Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика, туку и со сите други државни институции, кои што практично се дел од таа алка на справување со ваквите кибер закани, изјави Спасовски, по денешната конференција „Униформа, оклоп кој значи ранивост – нашата секојдневна борба на два фронта“, во организација на МТСП.

Спасовски, исто така, подвлече дека се преземаат истражни дејствија за секоја дојава што пристигнува и дека имаат одредени сознанија за луѓе што тоа го правеле од наша територија, а во последните неколку дена генерално тие што доаѓаат со ВПН од надвор се од Иран и Русија.

– Генерално последните неколку дена според форензиката што се прави во МВР дојавите одат преку ВПН адреси, меѓутоа почетните се јавуваат од Иран и Русија. Важно е да се истакне дека тие ВПН адреси се платени преку крипто-валути, што дополнително ја отежнува можноста да се утврди точниот извршител на ова кривично дело. Имаме веќе изолирано во истражната постапка одредени сознанија за луѓе кои тоа го правеле и од територија на Република Северна Македонија. Таа истрага е во напредна фаза и кога за тоа ќе дојде моментот, ќе ја информираме јавноста, изјави Спасовски.

Согласно новите протоколи, Спасовски посочи дека МВР ќе известува доколку има било каква реална закана, додека се останато, како нереални закани со низок степен на веројатност, ќе се пренесуваат доо степен, до кој што треба да бидат пренесувани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ бара зголемување на платите на полициските службеници и сите вработени во МВР

(ВИДЕО) Спасовски: Владата во случај на криза ќе нема пари за помош на граѓаните

(ВИДЕО) СДСМ бара 20% зголемување на платите на полицајците

А1он

Спасовски до Мицкоски: Направивте брутална партизација со бројни примери за непотизам

А1он

Спасовски: СДСМ поднесе амандман за награда на пожарникарите, полицајците, војниците, за гасењето пожари

Синдикатот на полицијата поднесе кривична пријава против Оливер Спасовски

Катерина Ѓуровски