Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има зголемена облачност, а во западните и северните делови и локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови на места засилен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има зголемена облачност и услови за слаб дожд. Температурата ќе достигне 18 степени.
Од утре следува период на стабилно време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималните температури ќе бидат високи за овој период од годината и на повеќе места ќе надминувааат 20 степени.