Солскјер останува на клупата на Манчестер јунајтед и покрај неуспехот во ЛШ

Од:

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, ќе остане на клупата на „црвените Ѓаволи“ и покрај елиминацијата од Лигата на шампиони, објави лондонски „Дејли Мејл“.

Весникот, повикувајќи се клупски извори, наведе дека потпретседателот на клубот Ед Вудворд, како и другите членови на Бордот на директори, имаат целосна доверба во норвешкиот стратег и во овој момент не размислуваат за прекин на соработката.

Манчестер јунајтед во вторникот остана без пласман во осминафиналето во Лигата на шампиони и ќе продолжи во Лига Европа.

Во Премиерлигата, Јунајтед е шестопласиран со 19 бодови, а в сабота го чека градското дерби против Манчестер сити.

Би можело да ве интересира

Му здосадија пари и жени, па екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед стана свештеник

А1он

Маркус Рашфорд има нов клуб

А1он

Шокантен трансфер во најава, од Сити во Јунајтед

А1он

Вулверхемптон на свој терен го победи Манчестер Јунајтед со 2:0

Манчестер Јунајтед го совладаа Манчестер Сити со 2:1

(ВИДЕО) Нов менаџер, стари проблеми – Јунајтед освои само бод кај Ипсвич

А1он