Манчестер Јунајтед го отпушти Аморим по слабите резултати

Од:

Португалскиот тренер Рубен Аморим е отпуштен од Манчестер Јунајтед, по несогласувањата со челниците на клубот и серијата слаби резултати.

Одлуката е донесена денеска на состанок свикан од Џек Вилкокс и Омар Берада, на кој се разгледувала работата на Аморим и неговото однесување на прес-конференцијата по вчерашното реми со Лидс (1:1) во Премиер лигата.

Аморим во својата изјава истакна дека во Јунајтед е ангажиран како менаџер, а не само како тренер, и дека не е единствено виновен за лошите резултати на клубот од „Олд Трафорд“.

За привремено решение на клупата е назначен легендата на клубот, Дарен Флечер, додека се бара трајна замена за Португалецот.

Би можело да ве интересира

Јунајтед скапо ќе плати за смената на Керик – „ѓаволите“ ќе мора да одвојат 12,4 милиони евра

А1он

Првпат по 38 години Манчестер Јунајтед е без победа на 9 меча во сите натпреварувања

А1он

Конте е подготвен да го преземе Манчестер Јунајтед

А1он

Бруно Фернандеш е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед го победи Ливерпул во дербито на Премиер лигата

Нико Ковач – кандидат за менаџер на Манчестер Јунајтед

А1он