СГС две години ќе го обезбедува АЕК за 240 илјади евра

Од:

Друштвото за услуги „Секјурити Груп Сервис ДООЕЛ“ од Скопје е избранo за најповолен понудувач на тендерот кој го објави Агенцијата за електронски комуникации за услуги за обезбедување имот и лица. Станува збор за двегодишен договор за обезбедување, а СГС понудила најниска цена. Проценетатa вредност на договорот без ДДВ е 15 милиони денари или приближно 244 илјади евра.

Во техничката спецификација пишува дека СГС за тој износ треба да ги обезбедува дирекцијата на АЕК во Скопје и контролно-мерните центри во Битола, Штип и на Зајчев Рид со 24 часа физичко обезбедување и видеонадзор со 20 извршители.

Носителот на набавката според договорот, треба да организира спроведување на патролните возила на секоја локација, така што треба да пристигнат до објектот што го обезбедуваат за 4 минути. Лицата ангажирани за обезбедување на имотот и лицата на АЕК задолжително мора да бидат униформирани и опремени со неопходна опрема, како и да поседуваат јасно видлива легитимација со своја фотографија.

СГС годинава доби тендери да ги обезбедува и основните училишта и градинките во општина Аеродром, Археолошкиот музеј на Македонија и Спомен-куќата на Мајка Тереза во Скопје. Агенцијата е отворена во 2010 година и оттогаш почна да обезбедува клучни објекти во Македонија.

СДСМ со неколку од објавените бомби, тврдеше дека зад СГС всушност стои сега обвинетиот ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков. Фирмата обезбедуваше клучни објекти од проектот „Скопје 2014“.

Според последните податоци на „Макфакс“ добиени од Централниот регистар, сопственик на СГС и натаму е извесен Дејан Ќировски, а директор е Мирољуб Давидов. Првиот сопственик на СГС е фирмата НВСП, чиј пак газда е Владислав Стајковиќ, брат на Небојша Стајковиќ, обвинет за проневера на државни пари за набавка на софтвер за потребите на петтата управа во МВР во предметот „Трезор“ на СЈО.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

Грчка полиција уапси маж кој е осомничен за убиството на навивачот на АЕК

Горан Наумовски

АЕК за транспарентот „Косово е Албанија“: Ќе ги најдеме одговорните

(ВИДЕО) Нова снимка од Грција: Наводно се гледа моментот кога навивач на АЕК е избоден со нож

Мајката и вујкото на убиениот навивач на АЕК им се заблагодарија на играчите што го исфрлија Динамо

(ВИДЕО) Грците објавија нови снимки од последните моменти на убиениот навивач на АЕК