СДСМ: Наставниците ќе добијат достоинствени услови за работа

Од:

„По повод Меѓународниот ден на наставниците, упатуваме честитка до сите просветни работници во Република Македонија и упатуваме порака дека иако се соочуваат со бројни проблеми наскоро ќе добијат квалитетни и современи услови за работа и заедно повторно ќе изградиме ефикасен образовен систем.

Наставниците се важен дел не само за наставниот процес, туку и за целокупниот развој на децата, но истовремено тие се категорија на работници кои најмногу беа погодени од катастрофалните политики на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Секоја нова таканаречемна реформа всушност беше нов стрес за наставнците и одеше на директна штета на целиот образовен процес. За една деценија владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ наставниците беа постојано малтретирани и шиканирани. Наместо да се посветат на работата, наставниците мора да трошат часови и часови на административни задачи кои го усложнуваат наставниот процес.

Ова мора да запре и ќе запре. По демократските промни, наставниците ќе добијат достоинствени услови за работа. По промените, наставниците нема повеќе да се занимваат со екстерни оценување и со други административни задачи кои ги дефокусираат од наставниот процес. Наставниците се премногу важен дел од целокупното општество и токму затоа тие мора да добијат повисоки плати, поквалитетни простории и помагала за работа.

По промените, СДСМ посветено ќе работи на подигнување на квалитетот на целокупниот образовен систем и ветуваме дека просветните работници повторно ќе бидат горди на својата професија. Нека им е честит Меѓународниот ден на наставниците“, соопштуваат од СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар