А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Uncategorized

Сандерс не го признава поразот, ќе ја продолжи борбата за номинација

by А1он08/06/2016 - 11:1455
Share0

Кандидатот за номинација на Демократската партија за американски претседател Берни Сандерс денеска одби да го признае поразот од Хилари Клинтон и вети дека ќе остане во трката и покрај тоа што неговата соперничка освои доволен број гласови од делегатите за номинација и синоќа се прогласи за кандидат на демократите за американски претседател.

Добивај вести на вибер

– Жестоко ќе се бориме да победиме во внатрепартиските избори во Вашингтон, порача Сандерс во обраќањето до приврзаниците во Калифорнија, зборувајќи за последните прелиминарни избори што се оддржуваат следниот вторник.

Тој нагласи дека својата борба за општествена, економска, расна и еколошка правда ќе ја префрли во Филаделфија, каде следниот месец ќе се оддржи конвенцијата на Демократската партија, на која ќе биде и официјално прогласен кандидатот на оваа партија за претседателските избори во ноември.
На оваа конвенција Хилари Клинтон ќе биде прогласена за кандидат на Демократската партија за претседател на САД, бидејќи веќе има доволен број гласови од делегатите за да биде номинирана, а веќе синоќа и ја прогласи својата победа.

Меѓуоа, како што објавија американските медиуми. Сандерс истакна дека е „прилично добар во математика“. – Знам дека борбата пред нас е многу, многу тешка, но ќе продолжиме да се бориме за секој глас и за секој делегат, додаде тој.

Сандерс синоќа оствари победа на прелиминарните избори во Монтана, а веста за оваа победа стигна во текот на неговиот говор во Калифорнија, каде победи Клинтон. Покрај во Калифорнија, на вчерашните демократски прелиминарни избори, Клинтон победи и во Њу Џерси, Њу Мексико и Јужна Дакота, а Сандерс, покрај во Монтана, извјува победа и Северна Дакота.

sad

Би можело да ве интересира

Сателитските снимки покажуваат што се Иран и уништи на Америка на Блискиот Исток

Предраг Петровиќ04/03/2026 - 18:5904/03/2026 - 19:11

Која е вистинската воена моќ на Иран: Една од најсилните армии во светот, со застарена авијација

Предраг Петровиќ04/03/2026 - 18:31

Хегсет: Иран се обиде да го убие Трамп

Предраг Петровиќ04/03/2026 - 16:2204/03/2026 - 16:30

ВИДЕО: Американски Ф-15 соборен, повторно

Предраг Петровиќ04/03/2026 - 15:16

Иран тврди: Започнавме три големи операции

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:28

Мокбер: Нема преговори со Американците, можеме да се бориме колку што сакаме

Горан Наумовски04/03/2026 - 10:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен