САД со апел до Либан да продолжи со дипломатските контакти со дел од монархиите во Персискиот залив

Од:

САД денеска упатија апел за одржување на дипломатските контакти меѓу Либан и неколку монархии во Персискиот Залив, чии односи се во сериозна криза.

-Ние веруваме дека каналите на комуникација меѓу Либан и неговите партнери мора да останат отворени. Ја поддржуваме секоја мерка што го промовира тој пристап, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

Тој додаде дека дипломатските канали мора да останат отворени доколку сака да се подобри хуманитарната ситуација во Либан.

Дипломатската криза избувна откако се дозна дека либанскиот министер за информации, Георг Кордахи, додека се уште не бил избран во владата, за „апсурдна“ ја оценил интервенцијата на меѓународната коалиција во граѓанската војна во Јемен.

Коалицијата, која ги вклучува Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, се бори на страната на меѓународно признатата јеменска Влада против бунтовниците поддржани од Иран.

Либанскиот министер Кордахи на функцијата беше номиниран од Хезболах, шиитско проиранско движење во Либан.

Либанскиот премиер Наџиб Микати се огради од неговата изјава и имплицитно го повика да поднесе оставка.

Би можело да ве интересира

Судири во Либан, најмалку 16 загинати: Израелската копнена операција предизвика борби во Наби Шит

Горан Наумовски

Ракетен напад врз базата на УНИФИЛ во јужен Либан

Горан Наумовски

Израел нападна палестински бегалски камп во Либан, има загинати

(ВИДЕО) Најмалку шестмина загинати во израелските напади врз градовите околу Бејрут

Најмалку 31 убиен во израелските напади врз Либан

Најмалку 10 убиени и 50 ранети во израелски напад во источен Либан

А1он