Расте бројот на новозаразени деца од Ковид-19 во САД

Од:

Властите во САД соопштија дека бројот на новозаразени деца од Ковид-19 во државата се искачил за 40 проценти. Според податоците објавени од Американската академија на педијатрите, во САД од Ковид-19 починале 86 деца, а близу 100.000 се инфицирани.

Загрижува и бројот на смртните случаи во САД кој изнесува повеќе од 160.000.

Oваа недела се дебатира дали училиштата треба да се отворат или да се продолжи со онлајн настава и во новата учебна година.

Дебатата за повторно отворање на училиштата на ниво на САД доби политичка позадина бидејќи двете политички партии не изнајдоа соодветно решение ниту успеаја да најдат компромис.

Демократите, во најголем дел го обвинија претседателот на САД, Доналд Трамп за несовесно работење и се спротивставија на неговите предлози за повторно отворање на училиштата.

Би можело да ве интересира

Со евтини дронови Иран ги осиромашува американските ракетни резерви

САД: Мора да почекаме и да видиме кој ќе го наследи ајатолахот Хамнеи

Горан Наумовски

Хејдари: Не ни е грижа колку долго ќе трае војната

Горан Наумовски

Аракчи: САД извршија злосторство, ќе се покајат горчливо за преседанот

Горан Наумовски

Хегсет му порача на Израел: Продолжете до крај, ние сме со вас

После иранскиот напад, гори американски танкер во Персискиот Залив