Порто со понуда за Буфон

Од:

Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон не размислува да замине во пензија, а меѓу многуте понуди по заминувањето од ПСЖ, најнова е таа на португалскиот Порто.

Менаџерот на Буфон, Силвано Мартина им потврди на португалските медиуми дека постои понуда од Порто и дека италијанскиот голман е заинтересиран за заминување во Португалија.

– Да, постои интерес од Порто, од каде што сме контактирани. Буфон сака да брани уште една година, Порто му се допаѓа, но има четири деца и семејство и мора да размисли околу тоа“, изјави Мартина.

Буфон има 42 години, кариерата ја започнал во Парма, а од 2001 до 2018 го бранел голот на Јувентус, од каде минатата сезона замина во ПСЖ.

Би можело да ве интересира

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски