Беше европски шампион со Португалија, а сега е отпуштен по третпат за само три години

Од:

Фернандо Сантош, тренерот кој ги напиша најсветлите страници во историјата на таа фудбалската репрезентација на Португалија во последните години поминува низ низа неуспеси.

По речиси една деценија соработка, ја напушти клупата на Португалија, каде во 2016 година ја донесе титулата европски шампион, а три години подоцна триумф во Лигата на нации, па Сантош смени три ангажмани и ниту еден од нив не заврши успешно.

Фудбалската асоцијација на Азербејџан објави дека Сантош повеќе не е нивни селектор, наведувајќи ги како главна причина очајните резултати во квалификациите за Светското првенство – тимот постигна само два нерешени резултати и дури девет порази под негово водство. Последниот удар беше тешка катастрофа против Исланд со резултат од 5:0.

На почетокот, тој го водеше Бешикташ кратко време, но по само 16 натпревари, соработката беше прекината.

Потоа ја презеде полската репрезентација, каде што учествуваше само на шест натпревари. Неговата последна дестинација беше селекцијата на Азербејџан, но ни таму не успеа да направи пробив.

Така, човекот кој само пред неколку години важеше за еден од најуспешните европски тренери, во последните три години забележа три откази.

Би можело да ве интересира

Мурињо напушти прес-конференција откако доби прашање за Роналдо: Кревам раце од сè и нема повеќе да зборувам!

А1он

Селекторот на Португалија за Роналдо: Може да ми недостига единствено за да ми прави друштво

А1он

Селекторот на Португалија за заминувањето на Роналдо: Немав поим, дознав исто како и сите други!

А1он

Пресврт – Кристијано Роналдо веднаш се враќа во репрезентацијата

А1он

На Роналдо му се заканува суспензија до шест месеци поради напуштање на кампот на португалската репрезентација

А1он

Анкета: Португалците не го сакаат Роналдо во националниот тим!

А1он