Поранешните министри за финасии ќе го советуваат Бесими

Од:

Министерот за финансии Фатмир Бесими, на веќе традиционалната средба на крајот на годината со поранешните министри за финансии, заеднички покренаа иницијатива за формирање Совет како експертско тело кое ќе биде дел од Скопје економски и финансиски форум (СЕФФ) и во чии рамки ќе се разгледуваат актуелни прашања и теми за коишто е потребен консензус во општеството.

dobivaj vesti na viber

Иницијативата, како што соопшти Министерството за финансии, произлезе од средбата на министерот Бесими со поранешните министри за финансии од осамостојувањето на државата, на која присуствуваа Џевдет Хајредини, Таки Фити, Никола Поповски, Зоран Ставрески, Трајко Славески и Кирил Миноски. Останатите поранешни министри од објективни причини не присуствуваа на средбата, но интенцијата е и тие да бидат дел од Советот.

Советот на поранешни министри за финансии ќе претставува тело кое ќе функционира како дел на СЕФФ и истиот ќе биде активен во текот на целата годината за прашања и теми важни за економскиот развој на земјата. Улогата на Советот е да даде солидна основа на Форумот во градењето кредибилни економски политики преку инклузивен и транспарентен процес. Тоа ќе биде пред се тело на експертско ниво во кое искуството и знаењето на неговите членови ќе претставуваат додадена вредност во креирањето на политиките.

На средбата на министерот Бесими со поранешните вршители на оваа функција, се разменија мислења за економските перспективи, но и за актуелните прашања, како и предизвици кои произлегуваат од пандемијата со Ковид-19, енергетската криза, притисокот на цените на светската берза, но и за потребата за раст на економијата, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Средба на Бесими со поранешните министри за финансии

Катерина Павлова-Николовска

Бесими: Во време на глобални кризи остануваме посветени на реформската агенда, поддршката од ЕБОР значајна за нашите приоритети

А1он

МФ: Јавниот долг во услови на криза намален на 57,1% од БДП, на ниво под мастришкиот критериум

А1он

Бесими на Делфи форумот во Грција: Владата досега реализираше мерки во вредност од 615 милиони евра за амортизирање на ценовниот шок

А1он

Сообраќајка пред Владата, министрите Бесими и Бектеши биле во едно од возилата кои се судриле

А1он

Бесими: Учеството на стопанските комори има важна улога во процесот на унапредување на економските односи меѓу двете држави

А1он